×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повеќето граѓани набавиле дрва за греење

    23.09.2013 11:02 | KumanovoNews

     За претстојната грејна сезона 80 отсто од граѓаните веќе набавиле дрва за огрев.

    Повеќето граѓани набавиле дрва за греење

    Од шумско стопанство Куманово велат дека за оваа сезона имале резерви од 14.000 кубици дрва од кои 70 отсто се распродадени.

    Побогатите граѓани обично први купуваат дрва за огрев, а останатите ќе купат 2 - 3 кубика и откако ќе ги потрошат, доаѓаат и пак купуваат иста количина. Ние сме подготвени во секое време да им помогнеме на граѓаните ако им требаат дрва.  Најбарана е буката. За Куманово како град има доволно дрва, досега немало никакви проблеми и ние сме задоволни - рече Ваит Саити, директор на Шумско стопанство Куманово.

    Тој објаснува дека запленетите дрва од дрвокрадци не ги продаваат, туку ги распределуваат по школи, институции како што ќе одлучи Владата.