Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повеќето граѓани на Куманово Новата година ќе ја дочекаат во домашен амбиент или на Градскиот плоштад. Поради економската криза и високите цени во рестораните, граѓаните се одлучуваат за прослава во друштво по домовите.
До полноќ ќе бидеме дома, а пото ќе иозлеземе на плоштадот. Превисоки се цените во рестораните за една вечер. Кој од обичните смртници може да плати 5 000 денари за двајца само за кафана, а каде е гардеробата и другите трошоци за празникот- вели една наша сограѓанка.
Примамливите аранжмани од туристичките агенции, се за оние кои работа во странство, кои можат да си дозволат некое патување.Младите по обичај ќе ги окупираат кафулињата и дискотеките.
Граѓаните велат дека оваа Нова година не им се погодија и деновите, па испаѓа како да е обичен викенд.
“Нова година е во петок, сабота продолжуваме, недела одмараме, понеделник на работа. Исто е како викенд само со огромна разлика во цените“, вели еден помлад кумановец.