×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повеќе од 40% од пациентите кои доаѓаат на преглед имаат сериозни белодробни заболувања, велат лекарите

    10.01.2025 11:40 | Оливера Пешевска

    Зголемен е бројот на пациенти кои со пулмолошки проблеми кои бараат помош на Интерното одделение во Кумановската болница.

    Повеќе од 40% од пациентите кои доаѓаат на преглед имаат сериозни белодробни заболувања, велат лекарите

    Освен редовните вирусни инфекции, вообичаени за периодов, помош бараат и лица кои чувствуваат тегоби како последица на загадениот воздух.

    „Се јавуваат повеќе од 10 лица дневно, кои пријавуваат гушење, отежнато дишење, но прегледот и лабораторијата не покажуваат дека се работи за хронична белодробна болест, астма, бронхитис или пневмонија. Главно, даваме препораки за заштита на здравјето на населението- да излегуваат само на ветровито време, или во период на денот кога загадувањето е најмало, да го намалат интензитетот на активноста, значи кратки и спори прошетки, да проветруваат краткотрајно и ако имаат можност да заминат на планина, каде воздухот е почист“, истакнува интернистот д-р Нора Господинов.

    Кај повеќе од 40 проценти од пациентите кои се јавуваат на пулмолошки прегледи во Општа болница Куманово се констатираат акутни респираторни инфекции на долниот тракт или сериозни влошувања на состојбата кај хронично болните. И старосната граница се намалува, па сега најчестите пациенти се на околу 50-годишна возраст.

    Лекарите не водат детална статистика за тоа колку од заболувањата се предизвикани од лошиот квалитет на амбиенталниот воздух, а колку од други предизвикувачи.

    „Секако дека се зема анамнеза и историја, но кај астмите и хорничните опструктивни белодробни болести (ХОББ) многу фактори влијаат на појавата на заболувањето. Но влошувањето на веќе постоечката состојба е често поврзана со лошиот квалитет на амбиенталниот воздух, па освен веќе препорачаните општи мерки советуваме редовна примена на препишаната терапија и итно јавување на лекар доколку се влоши состојбата“, објаснува д-р Господинов.

    Во зимскиот период зачестени се прегледите на Одделот за пулмологија, но дел од пациентите се третираат и на интерното одделение во болницата. Во амбулантата во просек се прегледуваат 20- 30 пациенти, од кои кај тројца, во просек се дијагностицираат акутни респираторни инфекции- пневмонии, а кај десетина од нив влошување на веќе постоечките симптоми.

    Според зборовите на д-р Господинов во пораст е и бројот со карциноми, и тоа не само белодробни, туку и на други органи. Таа тврди дека од почетокот на ковид кризата голем број од пациентите ги одложувале прегледите се до последен момент.

    „За жал, се дијагностицираат карциноми во поодмината фаза. Дел од пациентите не доаѓале на преглед плашејќи се од заразување, дел сметале дека е минлива и краткотрајна непријатност. Најчести и најтешки пациенти се хроничните пушачи, но се јавуваат и луѓе кои во животот немаат запалено цигара, спортисти, професионални и рекреативни, лица кои генерално водат здрав начин на живот. Внимаваат на се, но едноставно не можеме да прекинеме да дишеме во градскита средина“, вели лекарката.

    Во зимските месеци често и неколкукратно се надминуваат максимално дозволените прагови на загадувачите во воздухот. Според експертите главен загадувач се домаќинствата со согорување на биомаса, а на второ место доаѓа сообраќајот.

       Сокторката советува да се набават и прочистувачи на воздух за домовите или работните простории, но и користење на маски Н95 и Н99 кога се престојува на отворен простор. Лекарите и екологистите тврдат дека обичните хируршки маски, шалови, марами не пружаат никаква заштита од вдишување на ПМ 2,5 и ПМ 10 честички, јаглерод моноксид и сулфур диоксид. Иако се препорачува да не се практицираат спортски активности во периоди на висока загаденост, сепак постојат и специјални маски за спортисти кои задржуваат повеќе од 95 проценти од загадувачите во воздухот, додека не го попречуваат интензивното дишење при физички напор.