×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повелба за посебни културни достигнувања во градот

    09.04.2012 10:06 | KumanovoNews

     Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, наредниот месец во Париз ќе прими награда за развој на културата во Југо-Источна Европа.

    Повелба за посебни културни достигнувања во градот

    Од Фестивалот “SEE a Paris”, ќе му врачат повелба за посебни заслуги и допринос за балканската културна ренесанса, на церемонијата на свеченото отворање во културниот центар L'Entrepôt во Париз на 11 и 12 мај.

    Вашиот град Куманово, како исклучителен духовен простор кој што со Вашата личност како Градоначалник зрачи со посебна енергија во сите овие години, во кои Вие ги вложувате Вашите несебични напори, токму за презентацијата на она што е највисок дострел во културните зближувања- пишува во известувањето испратено до градоначалникот.

    На Фестивалот на кинематографиите од Југо-Источна Европа, кој по втор пат се одржува во Париз, ќе се презентира македонското фолклорно наследство и кумановската мелоритмика, како и антологија на музичките вредности на целиот регион на ЈИЕ. Ќе настапат Нино Величковски и Кумановските тамбураши.

    Фестивалот има за цел да ги воспостави разрушените мостови меѓу земјите на Југо-Источна Европа и да ги обедини културите на сите народи од овој дел на Европа.