Повредена жена на „Лесковачка“, возачот побегнал
01.09.2026 13:09
| KumanovoNews
Седумдесет и деветгодишна жена од Куманово е тешко повредена откако вчера била удрена од патничко возило „пежо“ на улицата „Лесковачка“ во Куманово.
Според информациите од СВР Куманово, сообраќајната незгода се случила околу 12 часот, кога возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, удрило во 79-годишната В.Д. од Куманово, по што возачот го напуштил местото на несреќата.
Повредената жена била пренесена во Општата болница Куманово, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Екипа на СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и возилото, како и за целосно расчистување на случајот.