×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повредената осмооделенка ученик на генерација

    03.06.2013 13:55 | KumanovoNews

     Теодора.Ц (15) и Ана.С. (15), кои вчера беа прегазени на раскрсницата на булеварите „Трета МУБ„ и „Октомвриска револуција„ се ученички во основното училиште „Толи Зордумис„ во Куманово.

    Повредената осмооделенка ученик на генерација

    Двете девојчиња вчера попладне тргнале да се шетаат на Градскиот кеј кога се случила несреќата.

    Сите сме во шок и потресени од немилиот настан. Двете другарки се  осмооделенки и одлични ученички. Од сабајле ги откажавме сите активности во училиштето, потиштени сме и во исчекување како ќе се развива нивната здравствена состојба. Тешко повредената Теодора ја прогласивме за ученик на генерација и деновиве требаше да учествува на завршната приредба. Тоа се деца кои само може да посакате да учат во вашето училиште- вели Бобан Георѓиевски, директорот на училиштето.

    Како што денеска соопшти полицијата, до сообраќајката дошло кога автомобил бмв со кој управувал Б.М.(25) од Куманово со голема брзина се движел од периферијата кон центарот на градот и пред крстосницата изгубил контрола на возилото и удрил во бетонска жардиниера, а потоа удрил во возило рено кое стоело пред семафорот. Од ударот, реното управувано од И.Н. удрило во друго возило кое се наоѓало пред него, а потоа излетало на десната страна на коловозот и ги прегазило девојчињата кои стоеле на тротоарот. Со повреди на главата се здобил и шоферот на реното И.Н.

     Повредените се пренесени во Кумановската болница и по укажана лекарска помош девојчињата итно се префрлени на клиниките во Скопје.

    Кумановската полиција работи на откривање на причините за несреќата.