×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повредени двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кумановец ги удрил со автомобил

    24.07.2025 12:20 | KumanovoNews

    Две деца се повредени вчера кај селото Зубовце, додека се подготвувале за велосипедската трка која денеска се одржува во Куманово.

     

    Повредени двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кумановец ги удрил со автомобил

    „Во 12.09 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на с.Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни  велосипедисти од Исланд. Тие се учесници на Младинските европски олимписки игри кои се одржуваат во нашата земја и кое се подготвувале за денешната велосипедска трка. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во Општа болница Куманово“, соопшти МВР.

    Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово. 

    Велосипедистите се учесници на Европските младински олимписки игри што се одржуваат во Македонија.

    (фото: архива Кумановоњуз)