Повредени две девојки - со возило излетале од патот во Младо Нагоричане
13.05.2022 14:53
| Сузана Николиќ
Две девојки се повредени во сообраќајна незгода на регионалниот пат Младо Нагоричане - граничен премин Пелинце.

Сообраќајката се случила вчера во 09.15 часот во атарот на село Младо Нагоричане, кога патничко моторно возило “сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки управувано од С.М.(20) с. Младо Нагоричане, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., а со телесни повреди се здобила сопатничката С.М.(19) од с.Младо Нагоричане констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.