Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Д.П.(14) од Богданци е момчето што вчера попладне беше прегазено во населбата Пуковско, на регионалниот пат Куманово - Свети Николе.
Со сериозни повреди на главата, градниот кош и нозете, момчето е пренесено на Скопските клиники и се наоѓа во животна опасност.
Според полицијата, несреќата се случила во 16.50 часот, кога Г.С.(36) од Куманово, која управувала автомобил мерцедес, додека се движела кон населбата Карпош удрила во пешакот. Момчето одело по десната страна на патот во истаа насока како и автомобилот и во еден момент од раце му паднала топката, која се стркалала на коловозот. Во обид да ја фати Д.П. потрчал по неа и на него налетал автомобилот. Со возило на Итна помош повредениот е пренесен во Кумановската болница, каде поради сериозноста на повредеите е пратен во Скопје.
Момчето пред неколку дена дошло на гости кај своите баба и дедо.