Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изгоре дел од некогашната фабрика “1 Мај“ кај зелениот пазар. Пожарот избувнал во 11 часот во фабриката за столарија, која една деценија не работи.
Со брза интервенција на Територијалната противпожарна единица огнот бил изгаснат за околу 1 час. Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово рече дека со навремено локализирање на пожарот е спречено огнот да се прошири.
Зафатен е погон, стара фарбара. Релативно голем објект. Кога стигнале наши екипи целиот објект бил буквално во пламен. Успешно е спречено ширење на останатите објекти, бидејќи сите се поврзани еден со друг. По ставање на пожарот под контрола, останатото е многу полесно“ - кажа Илиевски.
Граѓаните кои живеат во близина го набљудуваа гаснењето на пожарот. Некои од нив работеле тука и жал им е што објектот се уништува.
Соседите кажаа дека гори и излеговме да видиме што се случува. Тука сме блиску да не се запалиме. Имаше оган, чад, пожарна веднаш дојде. Страшно беше. Пред 35 години фабриката се палеше еднаш, ова е втор пат - рече Момчило Петровски, поранешен директор во „1 Мај“.
Дел од присутните кажаа дека фабриката во своите добри времиња имала 200 вработени, а кога заминала во стечај имало 25 вработени. Штетата и причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.