Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Територијалната противпожарна единица Куманово апелираат граѓаните за 1 Мај, да внимаваат при палење на оган на отворено за да не предизвикаат пожар.
Потсетуваат дека законот за предизвикување на пожари предвидува строги казни за сторителите.
Луѓето кои ќе бидат на викенд, моја препорака е скара да се пали исклучиво на места определени за тоа, и нормално потоа огнот целосно да се изгасне. Да се обрне внимание каде се фрлаат отпадоци и отпушоци од цигари. Иако сеуште е влажно, секогаш постои потенцијална опасност за појава на пожар. Особено за празник многу малку имаме интервенции, што значи дека граѓаните го почитуваат законот - изјави Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово.
Казната за скара на отворено изнесува 200 евра.
Илиевски додава дека работат 24 часа дневно, сите возила се исправни и подготвени се да интервенираат доколку има потреба.