Пожарникарите во Нагоричане лани изгаснале 74 пожари
Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане во текот на 2015 година изгаснала 74 пожари.

Командирот Оливер Стојмановски вели дека во 2015 година имале повеќе работа за разлика од претходната година, кога се регистрирани педесетина пожари. Лани најмногу пожари имало во летниот период за време на жетвата.
„Имаше 2 интервенции на запалени автомобили, 2 на запалени куќи, изгореа 10 хектари жито, имаше пожари во 4 плевни со слама, сено. Најголем број пожари беа на отворено, а причините за појава на пожарите се непознати, а имаше и пожари каде причина беше неисправна електрична инсталација. Екипирани сме добро, имаме 10 вработени, располагаме со едно противпожарно возило и лада нива и би било добро да имаме уште едно специјално возило за гаснење на пожари“-рече Стојмановски.
Тој вели дека имаат добра соработка со ТППЕ Куманово кои им помагаат секогаш кога е потребно, а и тие нив им стојат на располагање, како и на колегите од општина Ранковце.