×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пожарот се приближил до куќите во Агино село, горело од Дељадровце до Романовце

    26.07.2024 11:22 | KumanovoNews

    Пожарот кој вчера избувна, некаде по 16 часот на потегот меѓу селата Дељадровце и Романовце загрозил и куќи во Агино село, но интервенцијата на пожарникарите и месното население, се спречило ширење на пожарот.

    Пожарот се приближил до куќите во Агино село, горело од Дељадровце до Романовце

    „Во 16 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во с.Агино село, кумановско, покрај пругата Скопје - Куманово, при што биле зафатени делови од пругата, стрништа и дел од имот на Б.Б.(68) од с.Агино Село, при што биле зафатени лозови насади и неколку празни сандаци за пчели. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единциа Куманово“, соопшти МВР.

    Горело и од десната и од левата страна на автопатот, а се гаснело во Дељадровце, Агино село, Брзак и Романовце.

    „Пожарот навлезе меѓу куќите, за среќа нема причинета материјална штета на живеалишта и нема повредени. Реагиравме со 5 противпожарни возила и 15 пожарникари, две екипи беа во Агино село, и по една во Дељадровце, Брзак и Романовце. Со помош на месното население успеавме да ги изгаснеме, во станица се вративме накратко по 23 часот“, објаснува командирот Деан Илиевски.

    На излезот од автопатот „Пријателство“ кон Романовце е интервенирано во два наврати, успеале да го изгаснат огнот кој само неколку часа подоцна повторно бил запален.

    Сува трева и деградирана шума горела и над манастирот Матејче во 19.30 часот и на тој пожар реагирала една екипа со тројца пожарникари. По гаснење на пожарот на лице место останале дежурна екипа на ЈП „Национални шуми“, која се повлекла на полноќ, соопштува РЦУК Куманово.

    Кумановските пожарникари интервенирале и во селото Матејче, во близина на училиштето и полициската станица. Општина Липково нема своја противпожарна служба.

    Пожарникарите повторно упатуваат јавен апел до граѓаните да бидат особено внимателни при престој во природа и отворен простор- да не се фрлаат отпушоци од цигари, да се воздржат од палење оган на отворено, било да се работи за печење скара или палење на стрништа. Високите температури и сувата земја се предуслови и најмала искра да направи голем проблем за граѓаните, кога може да биде загрозена нивната сигурност и безбедност.

    (Фото. архива)