Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска беше промовирано идејното решение за новата административната зграда што ќе се гради на локалитетот „Чоробенско ќоше„.
Објектот ќе зафаќа површина од 15.000 метри квадратни, а ќе има подземна гаража на три ката, 6000 метри квадратни деловен простор и од 7 до 9 000 метри квадрати простор за општинските служби и подрачните министерствата.
Новиот административно-деловен комплекс ќе се гради со јавно- приватно партнерство. Административниот дел ќе биде сопственост на општината, а комерцијалниот на деловниот партнер кој ќе инвестира во изградба на зградата.
Зградата ќе се гради кога Општината ќе добие одобрение за кредит од Владата.