Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Актерката Кети Дончевска-Илиќ и професорот Хисен Рахмани како поединци, ЈП „Чистота и зеленило„,СТУ „Наце Буѓони„ и ЈЗУ „Центар за јавна здравје„ како колективи, се годинешни добитници на најзначајното општинско признание Ноемвриска награда.
Одлуката денеска ја донесе Комисијата за доделување на награди и признанија при Советот на Општината Куманово, откако ги разгледа пристигнатите предлози.
Комисијата имаше тешка задача бидејќи имаше доста предложени кандидатури. Меѓутоа оваа година одлучивме да се врати вредноста и значењето на наградата, што значи дека дадовме простор на квалитетот, а не на квантитетот. Комисијата одеше со помал број на добитници, имајќи респект кон сите пријавени и нивните дела. Одлуката беше дека овие 5 наградени со својата работа во оваа година дале најголем придонес во афирмација на Општината - изјави претседателката на Комисијата Александра Георгиевска.
Оваа година за наградата конкурирале 16 поединци и правни лица.
Признанието на градот на добитниците ќе им биде врачено на Свечаната академија на 11 Ноември.