×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Давитковски, Фазлији, Димитриевски и уште три правни лица, добитници на Ноемвриската награда за 2024

    01.11.2024 11:51 | KumanovoNews

    Три физички и три правни лица се добитници на годинешната Ноемвриска награда, одлучи Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина Куманово. 

    Давитковски, Фазлији, Димитриевски и уште три правни лица, добитници на Ноемвриската награда за 2024

    Добитници на најпрестижното општинско признание Ноемвриска награда за 2024 година се: Никола Давидовски, естраден уметник, во пензија, за неговата долгогодишна кариера на македонската музичка сцена на која испеја бројни песни, меѓу кои е и безвременскиот хит „Земјо мила" која при осамостојувањето на државата била предложена и за државна химна.

    Агрон Фазлији, претседател на Занаетчиската комора на РСМ и менаџер на фирмата Модна куќа Стил" -Куманово, за исклучителниот придонес во промовирањето на занаетчиството на регионално, национално и меѓународно ниво, при што придонесе Куманово да стане водечки центар на традиционалните занаети во државата, како и за неговата клучна улога во обезбедувањето на субвенции, бенефиции и други финансиски поволности за занаетчиите, со што им овозможи нивна финансиска стабилност и можности за развој
     
    Столе Димитриевски, голман на Фудбалската репрезентација на Македонија и на шпанскиот фудбалски клуб „Валенсија", кој има одиграно повеќе од 70 натпревари за македонската репрезентација, а во 2021 година ја претставуваше државата на дебитантскиот настап на Европското првенство во фудбал, каде особено се истакна со своите маестрални одбрани
     
    Од правните лица Ноемвриска награда се доделува на :
     
    Национална установа „Музеј" - Куманово, за огромниот придонес кон популаризацијата на музејот музејската дејност и едукативното дејствување за значењето на културното наследство на државата, а к ваа година одбележува повеќе јубилеи, меѓу кои и 60 години од формирањето,
     
    Здружение за ликовна уметност „Форма Куманово" - Куманово, за значајниот придонес во областа личната уметност, кое е автор на многубројни мурали и графити во Куманово и во многу други градови ржавата и во странство.
     
    Хуманитарна организација „Крепост" - Куманово, за реализираните хуманитарни акции на во градот и во руралните средини.

    „Сакам да се заблагодарам на сите кои аплициираа за Ноемвриската награда. Оваа година имавме 22 пријавени, од кои 12 за физички и 10 за правни лица“, изјави Невена Величковска Зиројевиќ, претседателка на комисијата.

    Членови на комисијата се Мирјана Прокиќ, Дејан Ивановски, Гордица Бошковска, Менду Асани, едногласно ја донеле одлуката.

    Правните субјекти ќе добијат диплома, а физичките и парична награда.