×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Пожртвуваноста и хуманоста немаат граници: Спасена дива коза од сигурна смрт (видео и фото)

    19.08.2023 10:05 | Жаклина Цветковска

    Љубители на животни, хумани луѓе и професионалци уште еднаш докажаа дека хуманоста, пожртвуваноста, љубовта и ентузијазмот не само кон луѓето, туку и кон животните, немаат граници.

    Токму една таква група деновиве учествуваше во спасувачка мисија на дива коза во кривопаланечкото село Киселица, која 10 дена била „заробена“ и беспомошна на висока карпа.

    Очекувано, и овојат дел од акцијата беше Мариа Дибиаџио, сопственичка на „Кантрисајд ретрит“ во Ранковце, првиот центар во државата каде се спроведува хипотерапија за деца, но воедно и ранч на коњи и други животни кои во најголем дел таа ги пронашла болни и напуштени и ги спасила од сигурна смрт.

    „Ми се јави Стефан Павловски од Крива Паланка, кој заедно со работниците на „Гранит“ кај каменоломот во Киселица ја виделе заглавената коза која не можела да скокне од карпата. Таа билa дел од стадо од неколку диви кози кои живееле во тој предел. Во овој случај беше јасно дека ние како ентузијасти не можеме сами да ја завршиме работата и дека ни е потребен професионалец. Објавив во групата за миленичиња дека ни треба алпинист да се вклучи како волонтер во акцијата, но шансите дека ќе дојде некој до Крива Паланка беа едвај  еден отсто. Но, за чудо, за помалку од 20 минути ми се јави Надир Мурсели, искусен алпинист од Тетово, кој,  иако не се познававме, веднаш тргна наваму“, објаснува Мариа како се одвивала целата акција.

    Во спасувачката мисија на заробената коза која траела цели 8 часа, а имале голема помош и од вработените од „Гранит“, особено од чичко Ване од Делчево, кој останал со нив на врвот на карпата и после работното време, се додека не завршило успешно спасувањето на козата. Им помогнала и Весна Трајановска од Ветеринарната станица која се погрижила да им обезбеди храна и вода.

    „Помагањето на животни е дупло потешка , но поблагородна работа од помагањето на човек, затоа што животното не знае да прозбори, да објасни и сл. Поентата е што во волонтерството нема религии, партии, наши и ваши, има само искрена желба да се помогне“, истакнува Дибиаџио.

    Искусниот алпинист Надир Мурсели, кој како волонтер самостојно учествувал и во спасувачката мисија на настраданите од земјотресот во Турција, исто така ќе забележи дека ова му е една од најтешките акции во животот.

    „Спасувајќи животни, го изгубив умот, но ја најдов мојата душа. Козата е спасена, сега ја спуштив, 8 часа трпение помеѓу стар алпинист и дива коза. Луѓето од Крива Паланка помогнаа многу“, напиша хуманиот и пожртвуван Мурсели на својот Фејсбук профил.

    По спасувањето, козата била пуштена и повторно препуштена на планината. Се претпоставува дека на непристапниот терен од карпата се нашла додека ја бркала глутница кучиња. Останатите кози доаѓале до карпата и „врекале“ по неа, но не можеле да и помогнат, но го привлекле вниманието на работниците од блиското градилиште да пријават дека е потребна помош.

    Инаку, Мариа Дибиаџио пред само ден месец учествуваше во уште една спасувачка акција, овојпат на болно магаренце кое го вдоми на нејзиниот ранч.

    „Многу тажна приказна. По дојава од четворица луѓе отидов и го најдов магаренцето на самиот магистрален пат кон Бугарија, не знам како не ја удриле додека спиела и се движела на патот еден месец. Првично избега и не ми даде да се доближам. Чекав и забележав дека има израсток на вилицата, што се испостави дека е тумор. Контактирав со професионалци од Ветериниот факултет, како и со сопственикот, но и кога после една недела не ја собра од улица, на 40 степени, решив да ја земам и да и помогнам. Сограѓанинот Гоце ми позајми приколка и ми помогна да ја качиме, а помогнаа и неколку гости од странство што беа на мојот ранч. Мими, така ја нареков уште кога ја видов, сега е дел од нашиот ранч, а за скоро време ќе најдеме решение и за туморот“, раскажува храбрата и неуморна Мариа.

    Последните 4 месеци, пак, неделите во Кантрисајт ретрит во Ранковце беа резервирани за хипотерапија од кои 3 месеци имаше бесплатни термини за сите.

    „Сите деца развиваат конекција со некое од животните и сите си одат со насмевки и прогрес, иако половина од нив доаѓаа со страв или резерва. Родителите се задоволни, а децата точно знаат кое животно како се вика, им носат храна , тешко се разделуваат од нив“, вели Мариа.

    Хипотерапијата е достапна за сите во прекрасниот простор на Кантрисајд ретрит, како алтернативна метода за пристап со природата и животните , која им го олеснува животот и на родителите и на децата со попреченост. Дибиаџио е категорична дека животните не треба да се убиваат и напуштаат, дури и кога се стари и болни, туку да се трансформираат во природни терапевти. А таа е тука да обезбеди услови, пријатно место за релаксација и забава за сите.

    Пожртвуваноста и хуманоста немаат граници: Спасена дива коза од сигурна смрт (видео и фото)