Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Територијалната противпожарна единица во Куманово реагираат на наводите на Лазар Таневски сопственик на фирмата „Екоплас-петрол„ Куманово, во текстот „Изгоре отпадна пластика во погон за гориво„,каде тврди дека пожарникарите дошле со еден час задоцнување да го гаснат настанатиот пожар.
Не се точни обвинувањата дека кај нас пожарот е пријавен во 14.20 часот, туку во 16.12 часот. Наши екипи веднаш излегоа на терен со 4 возила и 12 пожарникари, од кои 5 луѓе се професионалци и 7 сезонски пожарникари. Сите возила по неколку пати се враќаа по вода и откако ние излеговме на терен пожарот не се прошири ни еден центиметар. Во 40 минути по полноќ пожарот беше целосно локализиран. Затоа сметаме дека е некоректно да се обезвреднува нашата работа, која најпрофесионално си ја завршивме - се вели во реакцијата на противпожарната единица Куманово.