Предновогодишни грди слики во центарот
Ова што се гледа на еден од плоштадите во Куманово, претставува предновогодишно нагрдување на централниот дел од градот.

Имаме два плоштади од кои главниот и поголем може да се смета за репрезантативен објакт, гордост на „европско Куманово„ како што сакаат да речат гратските татковци, убаво естетски замислен и уреден и уште поубаво накитен во пресрет на Нова година и уште еден, постар плоштад кон кој се чини дека локалната власт се однесува како маќеа (најблаго речено). Многу грда е сликата со импровизирани тезгериња покриени со пластична мушема и со картони под кои се мрзнат продавачите на чорапи, ракавици, гаќи и друга „галантерија„ долен веш, како и новогодишни лажачки за најмладите.
„Се смрзнуваме по цел ден за мизерна заработувачка и одвај успеваме да заработиме колклу за да ја платиме таксата од три илјади денара„ - се жалат продавачите на овој своевиден панаѓур што ќе го гледаме последниве петнаесеттина празнични денови.
Некои од минувачите покрај овој „Базар„ коментираат дека во западниот дел од градот е Европа (мислејќи на плоштадот на Батко Ѓорѓија), а источниот (пред Домот на културата и спомениците) е Далечен исток, односно Пакистан или Авганистан.
„Изнајмувачите на тезгите, кога одобруваат вакви времени пазари, барем да се позамислуваат и околу основните санитарни услови. Вака, приморани сме да се криеме и да мочаме кај што ќе стигнеме, најчесто зад Домот на култура‘‘ - се смее една од премрзнатите продавачки на тезгите.