Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Предраг Серафимовски (32) од Куманово го фати светиот крст во базенот на црквата „Света Тројца„ во Куманово. Тој беше најсреќен од 6 момчиња кои утринава влегоа во студените води.
Предраг е невработен, а со години наназад скокал по крстот на Водици.
Ова ме првапат да го фатам крстот. Очекувам да ми донесе среќа, здравје и успех на мене и на целото мое семејство. Јас сум верник и ги почитувам обичаите и традицијата, и многу сум среќен што денеска успејав да го фатам крстот- вели Предраг.
Тој пред да дојде во црквата се искапел со ладна вода дома, поради што полесно му беше да се фрли во базенот.
Од црквата и донаторите, Предраг доби златен крст со ланче, телевизор, Библија и други подароци, и многу честитки за храброста и среќата од верниците кои утринава беа во црквата.