Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сообраќајот на повеќето магистрални и регионални патни правци во државата во утринските часови се одвива по влажни коловози, поради врнежи од дожд и снег.
Одрони од камења и лизгања на земјиште има кај Ростуше, па патниот правец Маврово-Дебар сеуште е непрооден за сите видови на возила во двата правци.
На планинските превои Стража и Маврово забрането е движењето на тешки товарни возила поради поголеми остатоци од снег на коловозот, а за патничките возила се препорачува употреба на зимска опрема.
Силен ветер кој прави наноси од снег го отежнува сообраќајот на патниот правец Тетово-Попова Шапка. Сообраќајот на патниот правец Удово-Валандово е во прекин за сите возила поради наноси од песок и излевање на Калковска река. Возилата за Валандово се пренасочуваат на регионалниот правец преку Марвинци.
Од АМСМ на возачите им препорачуваат крајно внимателно возење, прилагодување на брзината на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Особено да се внимава низ клисурите и засеците на честата појава на одрони. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.