×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Премиера на детската претстава „Трнорушка“ во Кумановскиот театар

    16.10.2020 06:44 | KumanovoNews

      „Трнорушка“ е нова детска претстава во режија на Бојана Краљевска, која вечерва премиерно во 17 и 19 часот ќе биде изведена во Театар Куманово.

    Премиера на детската претстава „Трнорушка“ во Кумановскиот театар

    Во претставата играат: Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Владанка Димковска, Нина Максимова, Жарко Јовановиќ и Давид Илиќ. Сценографијате е на Крсто Богојевски, избор на костими Нина Максимова, кореографија Сања Русеска, драматургија Зоран Зафировски, музичка илистрација Зоран Зафировски.

    - Како една од најстарите уметнички форми, бајката e потреба низ сон, мечтаење, имагинација да се наткрили животот. Таа со својот јасен и цврст етички кодекс (борба за добро, правда, еднаквост, љубов) ни открива и подвлекува некои суштински животни вредности. Бајката на сцена не толкува, објаснува, ниту докажува, туку повеќе потшепнува и предизвикува, запрашува и провоцира и, оддалечувајќи нè од животот, ни зборува за животот. Таква е и нашата „Трнорушка, - вели драматургот Зоран Зафировски.

    Претставата беше планирано да се изведе во март годинава, но поради пандемијата со ковид-19 премиерата беше одложена.

    - Среќни сме што ја имаме можноста да ви најавиме дека „Трнорушка“, денеска ќе се изведе два пати во 17 и во 19 часот. Исто така најавуваме и термин за сабота со почеток во 18 часот. Заради почитување на протоколите планирани се три изведби, со цел повеќе дечиња да имаат можност да ја проследат претставата, - соопштуваат од Театар Куманово.

    Од Театар Куманово ги повикуваат посетителите да доследно ги почитуваме протоколите заради здравјето на нашата публика и на вработените.