×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Премиера во Кумановскиот театар

    21.01.2010 11:20 | KumanovoNews

     Во Народниот театар Куманово утревечер премиерно ќе биде изведена претставата „Печалбари“ од Антон Панов во режија на Дејан Пројковски. Темата за печалбарите е секогаш актуелна во Македонија,а особено во Куманово каде во последно време се појавуви еден нов вид на печалбарство.



    Премиера во Кумановскиот театар

     Актуелноста на темата не натера заеднички да размислуваме за печалбарите и да се обидеме да пресоздадеме една нова структура. Да направиме обид да се направи деконструкција на нашата надеж и зошто секогаш треба да се напушта сопствениот простор, сопствениот универзум, сопствената среќа и секогаш да се смета дека некаде таму на некое друго место може да се најде среќа и да се создаде еден нов универзум - вели Пројковски на кого ова му е трета претстава во кумановскиот театар.

    Во претставата играат: Горан Илиќ, Дубравка Киселички, Кети Дончевска-Илиќ, Драгиша Димитријевски, Ивица Димитријевиќ и гостите Димитрија Доксевски и Сања Арсовска. Музиката е на Горан Трајковски, сценографијата на Владо Ѓорески,  и костимографијата на Благој Мицевски.

      - Секогаш е проблем кога се поставуваат овие култни претстави, кои се репери  на нашата психосостојба како народ. Оваа претстава е својство на цел народ. Навистина е голема одговорноста еден актер да игра таква улога, која е играна стотина пати. За мене има доста работа во претставата бидејќи споив два лика, који се всушност еден лик на експлоататор, на човекот кој ги манипулира душите на печалбарите. Инаку јас како млад имав прилика да играм улогата на класичен печалбар во реалниот живот. Бев едно време на печалба и затоа не ми беше страна таа работа бидејќи ја имам преживеано- вели актерот Горан Илиќ.

      Претставата ќе се игра спротивно од вообичаеното, публиката ќе биде на сцена, а актерите во публиката.Претставата е закажана во 20 часот, а првата реприза е во сабота.