×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Премиерата „Разбуди се Тина“ ќе го затвори фестивалот „Денови на комедија“ во Куманово

    09.10.2025 11:46 | KumanovoNews

    Премиерната изведба на претставата „Разбуди се Тина“ во продукција на Театар Куманово, вечерва ќе го затвори Меѓународниот фестивал на театарот  „Денови на комедија“ во Куманово.

    Премиерата „Разбуди се Тина“ ќе го затвори фестивалот „Денови на комедија“ во Куманово

    Режијата е на Драгана Таневска, комедијата е работена според текстот на Милан Ѓуриќ.

    „Ова е трета соработка со режисерката. Одлична екипа, одлична енергија и се надеваме дека ќе ги исполни очекувањата на публиката, рече директорот на Центаро за култура „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.

    За режисерката Таневска, процесот бил исклучително добар, а очекува тоа да се пренесе и на публиката.

    “Еден среќен брак доаѓа во состојба на искушение, поради потребата на партнерот да влезе во светот на непознатото поради забава со другарите, кога Тина заспива“, рече режисерката Таневска.

    Во претставата играат  Жарко Јовановиќ, Никица Јанковски, Владанка Крстевски , Мишо Димитријевски, Александра Михајловска Величковски, Сања Русеска, Владо Дојчиноски, Анастасија Трајковиќ. Сценограф е Крсто Богојевски, костимограф Дарко Илиевски. Драматургот Симона Тоскиќ. 

    „Очекуваме претставата да се игра наредните десет години. Задоволни сме од резултатот и очекуваме да предизвика внимание и кај сегашните и идните генерации“, рече актерот Маро Трајковиќ.

    Билетите за премиерата и за првата реприза се  распродадени.

    Претставата „Разбуди се Тина“ е единаесета на Меѓународниот тетарски фестивал Денови на комедија. Утре ќе се доделат наградите за најдобра претстава, најдобра женска и машка улога, млад актер, најдобра сценографија, костимографија и најдобра режија, и ќе се игра првата реприза на претставата.