Премиерот Груевски на Илинден во Пелинце
24.07.2014 08:19
| KumanovoNews
Премиерот Никола Груевски на 2 август - Илинден ќе присуствува на прославата во Пелинце.

Пригодна програма ќе биде подготвена по повод одбележување на 70 години од Првото заседание на АСНОМ. Илинден е меѓу најголемите национални празници и има посебно значење за историјата на македонскиот народ затоа што на 2 август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински.