Мени

Препродавал карти за Суперкупот на интернет

21.08.2017 12:48 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.И. (30) од село Черкези поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволена трговија.

Препродавал карти за Суперкупот на интернет

Пријавениот, во период од 3 до 7 август откако претходно преку официјалната веб страна на УЕФА за износ од 60 Евра уредно и законски купил четири влезници за фудбалскиот натпревар помеѓу Реал Мадрид од Шпанија и Манчестер Јунајтед од Англија во рамки на УЕФА Супер купот, истите ги фотографирал и неовластено ги објавил за препродажба на интернет, соопшти МВР.