×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пресметка на јануарска плата 2015 - нова верзија на клиентски софтвер МПИН

    02.01.2015 10:40 | KumanovoNews

    Со исплатата на платата за месец јануари 2015 година, ќе се применува месечно лично даночно ослободување во износ од 7.320 денари, односно годишно лично ослободување од 87.840 денари.

    Пресметка на јануарска плата 2015 - нова верзија на клиентски софтвер МПИН

    За да можете да ја поднесете пресметката за плата за месец јануари 2015 година, задолжително преземете ја најновата верзија на МПИН клиентскиот софтвер  преку веб страницата на УЈП.

    „Пресметката за плата МПИН доставете ја преку интернет, на следната е-пошта: [email protected]. При доставување на образецот МПИН за повеќе даночни обврзници, ве молиме пресметките за плата да ги доставувате, одделно, за секој даночен обврзник. Исто така, веќе еднаш доставената пресметка за плата не ја праќате повторно преку е-пошта: [email protected] и во даночните канцеларии на УЈП. Декларацијата и налогот за плаќање ќе ви бидат доставени на вашата електронска пошта, најдоцна, во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата“ - стои во соопштението од УЈП.

    Доколку поднесувате пресметка за плата која се однесува на минат период (2009, 2010, 2011, 2012, 2013 и 2014 година), или пак исправка на пресметка за плата за овој период, потребно е да ги користите стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување и даночното ослободување кои важат за тој период согласно Законот.

    При исплатата на плата за 2011, 2010 и 2009 година, највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува 4 просечни месечни плати, додека за исплатата на плата за 2014, 2013 и 2012 година, највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува 6 просечни месечни плати.