Претепан ученик пред економско училиште
02.04.2012 09:55
| KumanovoNews
М.Р.(17) од Табановце, ученик во трета година во економското училиште „Перо Наков„ завчера бил претепан на улицата пред училиштето.

Околу 12.30 часот, на долниот влез на училиштето, без повод и причина го нападнале Ф.Н. и А.Н., откако му пришле од зад грб. Во еден момент Ф.Н. го фатил за реверите од блузонот и почнал да го удира со рака во пределот на лицето и главата, по што му се придружил и А.Н. и се нафрлил да го удира по телото, нанесувајќи му видливи повреди.
Случајот во полиција го пријавил татко на момчето, откако тоа отишло дома и раскажало што му се случило. СВР-Куманово превзема мерки за расчистување на случајот.