Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Единицата за недозволена трговија со оружје во заедничка акција со Специјалната антитерористичка единица Тигар и СВР Куманово, привеле 34-годишен и 37- годишен жител на селотo Никуштак, општина Липково.
При претрес во нивните домови и други простории, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Црвена Застава“ со 28 куршуми калибар 7,62 мм, еден автоматски пиштол „Шкорпион“, едно пакување со марихуана и едно патничко возило „мерцедес“ без регистарски ознаки.
Лицата биле приведени во полициска станица и против нив е поднесена соодветна кривична пријава по член 396 став 2 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка на едниот му е одредена мерка притвор, додека на другиот мерка за претпазливост.