Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе присуствува во Меморијалниот центар во Пелинце, а потоа ќе го посети и манастирот „Свети Прохор Пчински“, по повод 2 Август, Илинден - Денот на републиката, на одбележувањето на 121-годишнината од Крушевската Република и 80-годишнината од Првото заседание на АСНОМ.
Сиљановска Давкова ќе има свое обраќање на манифестацијата во Пелинце, каде ќе положи цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ и ќе ја посети спомен собата во Меморијалниот центар.
Во рамки на чествувањето ќе настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”.
Потоа заедно со српскиот колега Александар Вучиќ, Сиљановска Давкова ќе го посети манастирот „Свети Прохор Пчински“ каде се одржало Првото заседание на АСНОМ.
Двајцата претседатели на пладне заеднички ќе имаат обиколка на црквата во манастирскиот комлекс, по што ќе одржат состанок, а потоа ќе имаат обраќање пред медиумите и присутните гости.
Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се и потпретседателката на Собранието Весна Бендевска, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, македонскиот амбасадор во Белград Никола Тупанчески, претставниците од Сојузот на борци, Наум Буревски и Снежана Несторовска и Митрополит Кумановско-осоговски Григориј.