×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Претставата „Дневникот на лудиот“ вечерва во Центарот за култура

    05.11.2019 14:19 | KumanovoNews

     Во Центарот за култура "Трајко Прокопиев" во Куманово, вечерва во 20 часот ќе се игра претставата, односно монодрамата, "Дневникот на лудиот" од Николај Гогољ, во режија на Ѓорѓи Ризески, а во изведба на Бобан Алексоски.



    Претставата „Дневникот на лудиот“ вечерва во Центарот за култура

     „Дневникот на лудиот“ до сега има учествувано на четири театарски фестивали, Интернационалниот театарски фестивал на монодрама во Битола, МТФ Војдан Чернодрински Прилеп, на ИТФ „Лица без Маски“. Оваа година претставата освои награда за најдобар актер на фестивалот за Бобан Алексоски, на ИТФ БАТИФ Тирана, Албанија во 2017 година монодрамата освои две награди, за најдобар актер и најдобра режија на фестивалот за Алексоски и Ризески.

    „Нашата претстава се занимава со тоа колку е важно да се има поддршка за да се успее во животот, колку сме виновни што сме добиле или не сме добиле од него. Разочарувањето не е одговор, има нешто среќно што го трагаме сите, но многу пречки што самите сме ги создале не ни дозволиле за да конечно го најдеме и му се радуваме до крај“- порачува екипата.

    Гогољ сака на некој начин да не’ разбуди од сонот, од кој сме сите заслепени во секојдневието, и проблемите околу социјалниот момент – трката во која живееме.

    Аксентие Иванович го трча последниот круг на надежта, заедно со своите гости, кои ја слушаат и оценуваат неговата приказна. Секој во публиката размислува различно, а секој одговор му е важен на Аксентие за да продолжи да живее. Дали луѓето сакаат да ја чујат вистината? Дали?! „Дневникот на лудиот“ е провокативен текст, кој иако е напишан во 1835 год. се' уште е актуелен.

    Гостувањето на оваа претстава во Куманово е поддржано од Министерството за култура на РСМ, во рамките на манифестацијата „Нов културен бран 2019 година“.