Претстaвата “Тања, Тања“ на репертоар на Народен театар
16.09.2013 10:08
| KumanovoNews
Во Народниот театар Куманово во сабота репризно ќе биде изведена претставата “Тања, Тања„, работена по текст на Олга Мухина, а во режија на Александар Ивановски.

Во “Тања, Тања“ играат актерите: Александра Пешевска, Јасмина Василева, Антонио Димитриевски, Мартин Лазаревски, Мирослав Петковиќ, Марко Трајковиќ, Сашко Костов и Стефанија Жисовска. “Тања, Тања“ е современа драма, камерна претстава која премиерно беше изведена во јуни.
Почетокот е во 20 часот.