×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Претставници на „Заслужуваме подобро“ на средба со кумановци

    18.11.2015 15:29 | KumanovoNews

    Претставници на граѓанската акција „Заслужуваме подобро“ денеска на Градскиот плоштад се сретнаа со граѓаните на Куманово.

    Претставници на „Заслужуваме подобро“ на средба со кумановци

    Со нив разговараа за проблемите со кои се соочуваат, а дел од настанот беше и лада нива од кој се емитуваше аудио спот со пораки дека граѓаните заслужуваат подобар живот, чиста средина, да се спречи иселувањето и слично. Активистите потенцираа дека половина Македонија нема исправна вода за пиење, 300.000 граѓани ја напуштилe држaвата, а  секој втор млад човек сака да замине во странство.

    Кога се доближуваат избори на политичарите мора да им се испрати порака дека граѓаните заслужуваат да живеат подобро. Зборуваме за живеачка во економска смисла, зборуваме за потребата од чесна власт, чесно владеење, за потребата од правда и слобода, од подобро образование, чист воздух и здрава животна средина. Буквално секој аспект од човековото живеење - изјави Марјан Забрчанец од „Заслужуваме подобро“.

    Бојан Маричиќ од „Заслужуваме подобро“ рече дека во нашата држава младите луѓе се на маргините.

    Гледаме хорор сцени од студентските домови и школските установи. Секој втор млад човек сака да ја напушти државата во догледно време. Младите се секогаш третирани како недораснати, а сите масовно чувствуваат една бесперспектива, немање иднина во сопствената држава. Младите највеќе се засегнати за подобро - кажа Маричиќ.

    Активисти на оваа акција се присутни на терен во 20 градови низ Македонија.