Мени

Превезувал огревно дрво за Македонски шуми без лиценца

20.05.2020 21:03 | KumanovoNews

 СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Р.(41) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело вршење јавен превоз без поседување лиценца.

Превезувал огревно дрво за Македонски шуми без лиценца

На 16.09.2019 на локален пат с.Лопате-Куманово, пријавениот, без регистрирана дејност, во својство на физичко лице, со трактор вршел јавен превоз без лиценца на огревни дрва, со испратници од ЈП „Национални Шуми“- ПСШ Куманово.