×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Презентиран проектот “Сите бои на мојата земја“

    27.11.2013 09:28 | KumanovoNews

    Невладината организација “Цивил“ синоќа во Центарот за култура го презентираше проектот “Сите бои на мојата земја“.

    Презентиран проектот “Сите бои на мојата земја“

    При тоа беа изложени слики изработени од деца од повеќе градови, учесници на креативните работилници кои летово се оддржаа во Охрид.

    Овие дела се изработени на летната школа на “Цивил“ за толеранција и мир, а дел се од Отворените денови на “Цивил“. Овој проект има една голема цел,  а тоа е кај децата и младите да ја зајакне свеста за толеранција, за човековите права и солидарноста преку нивната креативност. Доколку продолжиме вака да ги воспитуваме децата, верувам дека во иднина многу поглатко ќе функционира општетсвото. Изложбата беше прикажана во Струга, а потоа ќе биде поставена во Кичево и Скопје - изјави Нита Чавули, активист во “Цивил“.

    Пред присутните беше прикажан мини документарен филм изработен од млади кумановци за соживотот во градот. На истата тема говореше и Микерем Таири од комисијата за односи меѓу заедниците при Советот на Општина Куманово, која истакна дека како Турчинка одлично била прифатена од колегите во Куманово. На младите таа им советуваше да се дружат и да бидат заедно без разлика на верата и нацијата.