×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Презентирани трактори од “Хемометал“

    18.07.2015 11:30 | KumanovoNews

    Кај Добиточниот пазар во Долно Којнаре денеска се презентирани неколку типа на трактори од фирмата “Хемометал“ од Битола.

    Презентирани трактори од “Хемометал“

    Оваа презентација се прави бидејќи во тек е рокот за аплицирање за мерката 50-50, преку која земјоделците можат да набават механизација. Од “Хемометал“ се задоволни од одзивот.

    “Има интерес и се надеваме дека добри информации им овозможивме на земјоделците. Планираме во наредниот период да правиме презентации. Пред извесно време бевме во Старо Нагоричане. Се надеваме дека ќе посетиме  повеќе села во околината на Куманово. Пред две недели е распишан конкурсот за националната програма и тука сме да ги презентираме поволностите кои машини и механизација можат да ја добијат“-изјави Александар Крстевски од “Хемометал“.

    Земјоделците се задоволни од она што имаа можност да го видат.

    “Убави се овие трактори, ги видов, а за цена уште не сум прашал. За еден слушнав дека е 13.000 евра. Со таа програма за рурален развој ако е можно нешто да се земе, би било добро. Меѓутоа ќе треба да се аплицира, ќе се распрашам. Тракторите се нови. Секој селанец сака да има нов трактор“-вели Властимир Алексовски, земјоделец од село Жегљане.

    Презентацијата ја организираше Здружението на земјоделски производители од Куманово.