Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска ги прими децата без родители сместени во семејства и им подари пакетчиња.
Ние не ги забораваме нашите мали сограѓани и пријатели и секоја година наоѓаме време и за нив. Сакаме да ја осетат топлината и грижата од локалната самоуправа, бидејќи тие на некој начин се обесправени не живејат со своите фамилии. Им посакуваме среќни и безгрижно детство исполнето со многу љубов- рече Дамјановски.
Децата не ја криеја својата радост што Дедо мраз се сетил на нив да им донесе подароци и уживаа додека кажуваа песнички и се сликаа со него.