×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прифатниот центар на Табановце ќе биде затоплен

    18.12.2015 15:37 | KumanovoNews

    Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски соопшти дека деновиве ќе биде затоплен Прифатниот центар за бегалци на Табановце.

    Прифатниот центар на Табановце ќе биде затоплен

    Таа рече дека договор со ЕВН за поставување на трафостаница е потпишан на крајот на ноември, а пред една недела е избрана фирма за таа работа.

    Трајната струја и загревањето на камповите ќе се обезбеди во првиот момент кога ќе се направи приклучокот на камповите на трафовите кои ги имаат поставено ЕВН, а тоа очекуваме да биде денеска и најдоцна до крајот на неделата - рече Ременски.

    Истото ќе се направи и во Гевгелија каде има Прифатен центар за бегалци.