Пријава за телесна повреда
11.02.2010 13:02
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Н.С.(47) од Куманово за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 25.12.2009 година, во Куманово по претходна расправија и тепачка помеѓу пријавениот и Г.Т.(61), кои биле во алкохолизирана состојба, го турнал Г.Т. кон паркирано возило нанесувајќи му тешка телесна повреда.