×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Притвор за двајца Пакистанци кои кријумчареле мигранти во Кумановско-липковскиот регион

    08.02.2022 21:43 | Жаклина Цветковска

    На двајца Пакистанци им е одреден 30-дневен притвор, заради кријумчарење на мигранти во кумановско-липковскиот регион.

    Притвор за двајца Пакистанци кои кријумчареле мигранти во Кумановско-липковскиот регион

    Според МВР, на 06 февруари, во 13.40 часот, на исклучувањето за село Речица, кумановско, на автопатот Куманово-Табановце, во објекти на поранешна фарма, полициски службеници од Национална единица за спречување на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе пронашле 15 мигранти.

    Двајца од нив биле приведени поради сомнение дека се организатори, односно дека вршат криумчарење и биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

    Од МВР информираат дека врз основа на преземени мерки за расчистување на случајот, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, било утврдено дека две лица со потекло од Пакистан, кои биле дел од групата, се организатори на криумчарењето.

    „Со цел стекнување на противправна имотна корист, во улога на водичи,тие илегално пренеле преку границата од Србија до кумановско-липковскиот регион група од 13 илегални мигранти, со цел нивно понатамошно превезување до Грција, со крајна дестинација до државите на ЕУ“, информираат од МВР.

    Останатите лица се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и во прифатниот центар во Табановце.