Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основниот суд во Куманово му определи притвор во траење од 30 дена на 23-годишник од Велес, со привремено престојувалиште во Куманово, кој е осомничен за кривично дело – разбојништво од член 238, став 1, од Кривичниот законик.
Притворот е определен по предлог на надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка, поради основан страв дека осомничениот може да се даде во бегство.
Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот,кој на 20 ноември, со употреба на сила, одзел од друго лице туѓ подвижен предмет, со намера противправно да го присвои. Додека оштетениот се движел сам по улица во алкохолизирана состојба, осомничениот го забележал и го нападнал, удирајќи го со тупаници во главата и телото. Од ударите оштетениот паднал на земја, па осомничениот од џебот му го одзел паричникот во кој имало парични средства во различни валути (100 долари, 150 евра и 4.000 денари), како и банкарски картички и други документи.
Потоа, напаѓачот избегал од местото на настанот.