Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривични пријави против Д.С.(32) од Куманово, за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против Г.П.(25) од Куманово за „кражба“.
Вчера полицијата извршила претрес во домот на Д.С., каде биле пронајдени и одземени 1,14 грама „хероин“, 3,41 грам „марихуана“ и една таблета „амфетамин“ наменети за продажба. За време на претресот, во домот на Д.С. дошол Г.П. кој со себел носел лап-топ компјутер со намера да го заложи за хероин, а од преземени мерки е дознаено дека компјутерот претходно го одзел од дом на лице од Куманово, користејќи го неговото невнимание. Од страна на Истражен судија на првопријавениот му е одреден притвор од 30 дена.