Притворен за дилер на марихуана
01.10.2012 12:58
| KumanovoNews
Кај момче од населбата Иго Тричковиќ, полицијата нашла марихуана.

При претрес на Б.С.(24) полицијата пред два дена открила 270 грама марихуана наменета за продажба. Кумановецот ќе одговара за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Истражен судија на Б.С му одреди мерка притвор од 30 дена.