×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Приватизацијата го зацрни Куманово

    12.03.2012 09:29 | KumanovoNews

    Хотелот „Кристал„ е најмаркантниот објект во центарот на градот, но и пример за лошата приватизација во Куманово.  Како сениште, со години стои празен, запуштен и оставен да пропаѓа, поради нерасчистени сметки на повеќе сопственици.

    Приватизацијата го зацрни Куманово

    Над 10 илјади работници остави на улица матната приватизација во Куманово. Од индустриски град со над 20 големи фабрики и огромен стопански потенцијал, за само неколку години Куманово стана град на стечајци и технолошки вишок. Сеништа на транзицијата станаа фабриките „1 Мај„,„Димче Еребица„,„Искра-инжинеринг„,„Биброк„,„Киро Фетак„,„КЕН„, КИК „Куманово„, КПК „Куманово„,„Полет„, „Југ-Турист„,Комерцијално инвестициона банка, Печатница„,Тутунски комбинат,„Житомел„,АД „Бисерка„ со хотелите „Кристал„ и „КУ-БА„ и угостителски објекти Пчела, Мостар и Ловец, погонот за минерална вода „Кумановка„, НА-МА, Текстилпромет, ЗИК „Куманово„ со 13 придружни капацитети: кланица, живинарска фарма, винарски подрум, млекара, сокара, сушара на зеленчук,оранжерии, земјоделски задруги во селата Романовце, Пчиња, Младо Нагоричане, свињарска фарма Речица и други.

    Само неколку од овие претпријатија денеска работат, додека за останатите се водат маратонски стечајни постапки или се ликвидирани.

    Приватизацијата во Куманово за кумановци претставува кошмар во вистинска смисла на зборот, бидејќи Куманово беше меѓу петте индустриски градови во поранешната федерација.Куманово ќе останеше индустриски центар доколку приватизацијата не беше извршена на криминален начин. Периодот од 1998-2002 година е најцрниот период за стопанството во Куманово. Тогаш во целата држава, а посебно во Куманово се вршеше откуп на претпријатијата од тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ. Откако Уставниот суд оцени дека е неуставно политичка партија да поседува стопански капацитети, сите фабриките кои беа откупени од ВМРО-ДПМНЕ, преминаа во сопственост на поединци кои беа блиски до партијата и до тогашниот премиер и министерот за финасии, сегашниот премиер- вели пратеникот на СДСМ од Куманово, Оливер Спасовски кој во тоа време беше советник на градоначалникот.

    Приватизацијата во Куманово најмногу се врзува за некогашниот прв цариник и моќна политичка фигура во тогашното ВМРО-ДПМНЕ, кој за неколку години стана сопственик на половина Куманово.

    Целата приватизација не се одвиваше на транспарентен начин преку тендерски постапки, ниту на берза, туку тоа е јавна тајна во Куманово, бидејќи го кажуваа и оние што учествувале во процесот, дека торби со пари се носеле и се откупувале акциите на име. На акционерите им се давале пари на рака и тие потпишувале договори за откуп кај нотари во Куманово. Тоа немаше да биде толку страшно ако фирмите продолжеа да работат и вработените останеа на работа. Во фабриките и претпријатијата се преземаше управувачката структура, се поставуваа функционери од власта, тоа што имаше во залиха брзо се трошеше, не се вложуваше и не се развиваше производството. Затоа и брзо пропаѓаа, а вработените се отпуштаа од работа. Имотот почна да се распродава. Во повеќето случаи се поведени стечајни постапки кои трајат со години, а имотот се разграбува и пропаѓа-тврди Спасовски.

     Вториот уништувачки бран се случи пред неколку години, кога акционерите на „Житомел„, Тутунски комбинат, дел од „Искра„ и „Биброк„, управувачкиот пакет му го дадоа на Бајруш Сејдиу. Тој работеше со фирмите до неговото апсење, поради затајување на данок, државата поведе постапка за утврдување на сопственост и начинот на приватизација. Фирмите се затворија, имотот незаштитен се разграбува, поради што акционерите бараат заштита од државата. Неколку стечајни управници што ги водеа овие фирми завршија во затвор.

     Сениште на лошата приватизација е и Хотелот „Кристал„ најмаркантниот објект во центарот, по кој некогаш се препознавало Куманово. Со матната приватизациа и нерасчистените сметки на повеќе сопственици, објектот со години е запуштен и  оставен да пропаѓа. По конфликтот во 2001 година во него без сместени бегалците од Липковско. Сега е нем сведок на едно убаво време кога во него се правеле најубавите забави, игранки и свадби во Куманово,  и вриело од гости од целата држава.

    И додека тој е остевен  да се распаѓа во градот нема  ниту еден хотел кој можа да прими повеќе од 10 гости.