Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановка е приведена под сомнение дека го нападнала својот син, а се заканувала на сопругот.
„Вчера во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 35-годишна жена од Куманово затоа што физички го нападнала нејзиниот син и со остар предмет се заканувала на нејзиниот сопруг“, соопшти МВР.
Таа била приведена во Полициската станица Куманово и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.