Мени

Приведен 19-годишен кумановец со оружје, со него била и исчезната малолетничка

12.08.2025 13:45 | KumanovoNews

Вчера околу 15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле А.С. (19) од Куманово, откако при преглед кај него било пронајдено огнено оружје.

Приведен 19-годишен кумановец со оружје, со него била и исчезната малолетничка

Во негово друштво била затекната 14-годишна девојка, која претходниот ден била пријавена како исчезната, односно дека се оддалечила од својот дом.

Приведениот е спроведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.