Мени

Приведен кумановец баран со потерница, спроведен во затворот во Идризово

06.03.2026 13:08 | KumanovoNews

Полициски службеници од СВР Куманово рано утринава го привеле Ф.Ј. (42) од Куманово, кој бил баран со потерница за издржување затворска казна.

Приведен кумановец баран со потерница, спроведен во затворот во Идризово

Како што информира МВР, лицето било осудено на пет години затвор за кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а по него била распишана потерница за доиздржување на четири години и седум месеци од казната.

По приведувањето, тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде ќе ја доиздржи затворската казна.