Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, ноќеска во 1 часот по полноќ бил приведен возач со 2.34 промили алкохол во крвта.
„При контрола полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.П.(45) од Куманово, по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2.34 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.