Приведен кумановец за издржување на затворска казна

24.11.2021 11:11 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, вчера во 23 часот го лишиле од слобода E.Р.(25) од Куманово за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. 

Приведен кумановец за издржување на затворска казна

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К'шање за издржување на казната. 

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk