×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Приведени 13 членови од едно семејство

    12.03.2014 12:33 | KumanovoNews

    Во големата полициска акција во Куманово и околината се уапсени 13 лица од едно семејство кои се сомничат за трговија со дрога, оружје, изнуди, перење пари и лихварство.

    Приведени 13 членови од едно семејство

    Во тек се претреси во нивните домови и објекти, но и кај други лица каде можат да се пронајдат докази за делувањето на криминалната група.

     Станува збор главно за членови на едно семејство кое што располага со огромен  имот на подрачјето на Куманово и во своето злосторничко здружување најверојатно инволвирале и други лица - соопшти Иво Котевски, портпарол на МВР.

    Криминалната група делувала од 2004 година и најголем дел од имотот го стекнала со препродавање хероин во Швајцарија.